Инцидент пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром пред почетокот на натпреварот меѓу МЗТ СКопје и Партизан.
Како што јавува спортскиот портал Спортмедиа дошло до блиска средба помеѓу навивачите на двата тима, но и на фановите со полицијата. Последните вести велат дека има и неколкумина повредени од редовите на навивачите на МЗТ Скопје и тоа од топовските удари кои експлодираа пред салата.
Исто така имало повредени и тоа најмалку еден во редовите на припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од СВР скопје за Курир го потврдуваат инцидентот и велат дека има приведени навивачи од двете навивачки групи.