Инцидент во познат кафиќ во скопски аеродром – истепани музичарите


Инцидент во познат ресторан во Скопје. Според информциите на МВР, утринава во 06 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Б.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00.50 часот во угостителски објект на булевар „Јане Сандански“ во Скопје, тој и И.П.(34)од Скопје, кои биле ангажирани како музичари, биле физички нападнати од К.М.(35) од Скопје и М.Б.(23) од село Брвеница, тетовско, кои биле гости во објектот.
На Н.Б. му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а И.П. се здобил со телесни повреди. К.М. и М.Б. се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1