Социјален работник од домот „25 Мај“ на 28 март, во полициската станица во Чаир пријавил исчеснување на 11-годишната С.К., штитеничка на Домот.
Малолетното девојче од пред два дена не е вратено во домот.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.
Од домот велат дека малолетната С.К. на 28 март самоволно ја напуштила установата и моментално се наоѓа кај нејзиниот татко. Во соработка со матичниот центар за социјална работа, а по потреба и со помош на полицијата истата ќе биде вратена во Установата.