Поранешниот лидер на Белорусија, Станислав Чучкевич изјави дека историскиот документ за прогласување на распад на Советскиот сојуз недостасува во архивите. Шушкевич открил дека овој документ го нема додека работел на своите мемоари.
„Тешко е да се поверува дека недостасува документ од такво значење, но тоа е факт“, изјави Шушкевич за агенцијата Асошиејтед прес.
Тој изрази уверување дека документот е украден, веројатно со намера да му биде продаден на некој колекционер. Официјални претставници на владата на Белорусија и на заедницата на поранешните советски републики потврдија дека имаат само копии од документот.
Шефот на архивот на Заедницата на независни држави, Василиј Остреико изјави дека не знае каде е оригиналот.
Шушкевич на 8 декември 1991 година тајно се состана со претседателите на Русија, Борис Елцин и на Украина Леонид Кравчук, при што потпишаа договор со кој е прогласено дека СССР „престана да постои како субјект на меѓународно право и геополитичка реалност“.
Врз основа на тој договор, кон крајот на декември основана е Заедницата на независни држави, лабава унија на поранешните советски републики. Претседателот на Советскиот сојуз Михаил Горбачов поднесе оставка на 25 декември 1991 година.
Макфакс