Исчезнал контејнер со радиоактивен материјал во Казахстан – цела војска го бара


Во западниот дел на Казахстан исчезнал контејнер со радиоактивна супстанца цезиум-137, соопшти денеска казахстанската полиција.

radioaktivnost

Портпаролот на полицијата во регионот Мангистау, Азамат Сарсенбајев изјави дека материјалот, кој обично има воена и медицинска употреба, најверојатно испаднал од возилото при транспортирањето.

– Контејнерот со радиоактивниот изотоп цезиум-137 до овој момент не е пронајден, нагласи Сарсенбајев.

Изложувањето на големо количество цезиум-137 може да доведе до тешки изгореници, па дури и смрт, и затоа локалното население е предупредено да не го отвора контејнерот доколку го пронајде.

Во потрага по контејнерот, кој тежи меѓу 50 и 60 килограми, се вклучени безбедносните служби, спасувачи и војската.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1