“Исчезнатата“ скопјанка заминала со друг маж


Ниту била исчезната, ниту киднапирана, сопругата на Горан Велковски заминала со друг маж.   По вчерашниот апел на сопругот за помош, таа за Сител потврди дека е жива и здрава. Денеска и на полицијата и открила дека сама одлучила да замине од дома. Ваквиот потег бил шок за Горан, кој тврдеше дека немале никакви недоразбирања во нивниот седум годишен брак. Screenshot_42Тој вели дека по четири дена потрага, утрово се сретнале во полициска станица. Таа му кажала дека веќе не може да живее со него без никакво образложение. Во потрагата на девојката биле ангажирани инспектори кои што работат на случаи со исчезнати лица, кои што утврдиле дека била во Скопје.

Според тврдењата на Горан во одлуката да го напушти и  помогнале сопствениците на продавницата за накит, каде што работела. Горан, е среќен што таа е жива и здрава, бидејќи според него тоа е најважно во моментов. Со прегратка се разделиле во полициската станица во Ѓорче Петров и одлучиле секој да продолжи по својот избран пат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1