Исчезнатиот авион бил киднапиран – Малезијците преговараат со киднаперите?


Малезиските власти веќе три дена преку кинеска социјална мрежа преговараат со неидентификувани лица што тврдат дека кај себе го имаат авионот или делови од авионот на „Малезија ерлајнс“, по кого се трага од саботата, открива Сем Вакнин, аналитичар со извори во разузнавачките служби.

Мистеријата околу исчезнувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“, чии остатоци уште не се откриени, и натаму се продлабочува, а разузнавачки извори се сомневаат дека се вмешани повеќе исламистички терористички организации од Кина или од Русија.

malezija avionТројца од 5 мина што не се качиле на авионот воопшто ги нема на безбедносните снимки на аеродромот, се испитува дали е можно да имале помош, некој ги избришал снимките. Според Вакнин кој за Нова Македонија изјави дека интересен е фактот што  од израелски Мосад било побарано да помогне во идентификацијата на осомничените лица. Израелските служби ги поседуваат едни од најдобрите системи, односно софтвер за идентификација на лице. Но чудно е тоа што помошта од Мосад ја побарал офицерот за врска на Националната безбедносна агенција (НСА), а не како што е вообичаено преку агент на ЦИА. Се поставува прашање зошто токму НСА, а не ЦИА изразила интерес за случајот?

Вакнин укажува и на чудното, односно неконзинстентно однесување на кинеските власти. Според него, петтемина што не се качиле на летот МХ370 требале да летаат за Амстердам преку Пекинг, на чиј аеродром било предвидено да чекаат 12 часа. Кинеските власти тврдат дека не им била потребна виза, бидејќи без транзит-виза може да престојуваат 72 часа. Вакнин укажува дека нивното објаснување е проблематично, бидејќи само на граѓаните на Европска Унија не им е потребна виза, а другите мора да поседуваат, па дури и да станува збор за само едночасовен престој. Исто така сомнителен е и фактот кој укажува дека и покрај тоа што украдените европски пасоши биле пријавени уште пред неколку години и се наоѓаат во базата на Интерпол, некој со азиски изглед успеал да ги искористи.

Кинески сателит кој трага по исчезнатиот Боинг 777 на „Малезија ерлајнс“ можно е да ја открил локацијата на која се урнал авионот со 239 патници и членови на екипажот.

Bijvm12CIAAWdj8

Кинеската Државна администрација за наука, технологија и индустрија за национална безбедност соопшти дека откриле и снимиле „три сомнителни објекти како лебдат на водената површина“. Објектите се со големина од 13 на 18 метри, 14 на 19 метри и од 24 на 22 метри.

Фотографиите се направени на 9 март, еден ден откако авионот исчезна, но дури денеска се откриени. Кинеските власти ги соопштија координатите на објектите, но не открија зошто досега не се откриени овие податоци.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1