Исчезнатиот авион се криел од радарите – летал многу ниско, на 1.500 метри височина


Исчезнатиот малезиски авион по исклучувањето на уредите за комуникација наводно летал уште неколку часа на висина од околу 1.524 метри за да остане невидлив

avion malezijaВо случај со големи авиони како „боинг 777“ тој потег може да биде  опасен бидејќи се создава голем притисок.
Новите информации се во корист на теоријата според која авионот  е киднапиран, но службите се’ уште не ја исклучуваат можноста дека е срушен.

Со авионот најверојатно управувал пилотот  Захари Ахмад Шах кого британски „Дејли Меил“ го опишува како „политички фанатик“ кој вежбал за киднапирање на летот на домашниот симулатор на лет.

Според тврдењата на „Малезија ерлајнс“ големи се шансите со авионот да управувал копилотот Фарик Абдул Хамид. Токму тој, а не пилотот, ги изговорил последните зборови „Во ред е, добра ноќ“ и потоа ги однел 238 патници во непознат правец.

Полицијата се сомнева и на патникот Мод Каирул, инженер на летови и сопственик на приватна авионска компанија, поради неговото летачко искуство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1