Вечерта меѓу 15-ти и 16-ти август во периодот од 22 до 10 часот на паркингот Горна Порта, оштетено е возило од марката Ауди, со грчки регистарски таблички, во сопственост на грчки државјанин.
На возилото бил испишан текст MK is not GR, GR=MK со спреј, а направени се и вулгарни цртежи.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.