Исидора Бјелица: Неда Украден може да улета и да се слика со мене


Исидора Бјелица со месеци води борба со подмолната болест. За жал, последните резултати не се охрабрувачки. Луѓето од целиот регион ѝ укажува поддршка на писателката, што ѝ дава сила да се пошегува, па макар и грубо, на своја сметка.

Исидора за време на гостувањето во една ТВ-емисија објасни дека сега ѝ е потребно чудо.isadorabjelicabolna240

„Јас знам дека Балкан е примитивна средина каде што се очекува дека некој со олку тешка дијагноза да се повлече и да молчи, да не ги потсетува другите луѓе дека и тие можеби утре ќе откријат дека имаат некаква болест. Јас морам да се повлечам и достоинствено да умрам, никој да не ме види. Тоа е Балкан. Имав многу тага, стрес и бомбардирања. Потребно ми е чудо, а јас сум доволно луда да верувам во тоа. Резулатите ми се такви што Неда Украден може да улета и да се фотографира со мене“, рече Исидора.

За потсетување, Неда Украден објави селфи-фотографија со покојната Уснија Реџепова, поради што беше распната на столбот на срамот

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1