ИСИЛ со закана до Србите: Повлечете се за седум дена или сте мртви


Џихадистите од терористичката организација ИСИЛ упатиле заканувачко писмо до амбасадата на Србија во Дамаск и им дале рок од 7 дена да го напуштат објектот или во спротивно ќе бидат мртви.

Писмото било фрлено во дворот на амбасадата. Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ ја потврди информацијата, но не сакал да даде друг коментар.

isil teroristi djihadИнаку ова терористичка оргнизација, која под своја контрола има делови од Ирак и Сирија, објави мапа од која се гледа каков е планот за ширење, а во неа е и Македонија. Во пораката на водачот на терористичката групација, Абу Бакр ал Багдади (Ибрахим Бадри), се вели дека ќе воспостави муслиманска држава на Балканот – исламски калифат.

Картата опфаќа земји каде што живеат муслимани, па освен Ирак и Сирија, на чии освоени територии е воспоставен најтврд исламски режим, во новиот Калифат ќе бидат вклучени и сите земји од поранешна СФРЈ, како и Бугарија, Албанија и Грција, а пошироко, Шпанија, Блискиот Исток, Северна Африка и големи делови од Средна Африка.

Основачот на ИДИЛ, ал Багадади, ја применува визијата на Абу Мусаб ал Заркави, лидерот на Ал Каеда кој беше убиен од американските трупи во 2006 година, чија цел беше да ги освои и обедини Ирак и Сирија.

Абу Бакар ал Багдади ги повика муслиманите во светот да се приклучат кон џихадот и да се преселат во заземените територии во Ирак и во Сирија.

Во аудио-порака објавена на исламистички интернет-страници Багдади упатува посебна порака кон научници, судии, лекари и инженери да дојдат во калифатот бидејќи „муслиманите имаат голема потреби за нив“.

– Муслимани доаѓајте во својата држава. Да, тоа е вашата држава, нагласува Багдади во пораката.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1