Исламска држава користи `кокошки самоубијци`


Џихадистите на Исламска држава (IS) наводно почнале да користат кокошки како мобилни импровизирани експлозивни направи, пишува британски Daily Mail.

Фотографиите од таканаречените „кокошки самоубијци“ масовно на интернет ги споделуваат корисниците кои се за и против IS, иако нивната автентичност не може да биде потврдена, наведува британскиот весник.kokoski

Припадниците на екстремистичките групи кои делуваат во и околу ирачкиот град Фалуџа, наводно врзуваат експлозивни појаси на кокошките, кои потоа ги тераат да трчаат во правец на непријателските кампови.

Бидејќи тие се наоѓаат во рамките на дострелот за напад без предизвикување сомнеж, екстремистите на Исламска држава со помош на далечински управувачи ги активираат експлозивните направи, причинувајќи жртви и големи штети во непријателските кампови.

Употребата на ваквите експлозивни направи покажува дека IS полека останува без муниција, по речиси една година откако ја започна нејзината ненадејна офанзива во Сирија и во Ирак, наведува Daily Star, повикувајќи се неименувани експерти.

„IS ќе ги искористи сите можни средства за да предизвика смрт и уништување. Користењето на животни има мала воена вредност – тоа е само уште еден пример за тоа нивните изопачени умови смислуваат бизарни начини за да убиваат луѓе“, рекол за овој весник неименуван Британец кој се бори на страната на курдските војници.

Бизарните тврдења дека IS користи „кокошки самоубијци“ доаѓаат неколку дена по вестите дека припадниците на Исламска држава врзале импровизирана експлозивна направа за една коза, која била пратена во курдска база во сирискиот град Кобане.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1