Исповед на доктор кој преживеа ебола


Американскиот лекар кој преживеа ебола, Кент Брентли (33) го даде првото интервју по заздравувањето од смртоносниот вирус кој владее во западна Африка. Како што вели прво мислел дека се работи за маларија или за тропска грозница, но, наскоро дознал дека е заразен со смртоносната ебола

03092014165221_LEKAR EBOLA– Не ја изгубив верата ниту кога докторите мислеа дека нема да ја преживеам ноќтта. Не можев да дојдам до воздух и постојано се тресев. На медицинската сестра тогаш и реков дека сум болен и дека повеќе немам сила и дека не знам колку ќе издржам – вели американскиот доктор кој и рекол на сестрата и дека не знае како ќе му помогнат ако престане да дише зошто во болницата немале апарати за дишење.

Со оглед на се што преживеал Брантли е длабоко загрижен заради епидемијата на ебола, а посебно го погодила веста дека уште еден американски доктор е заразен. Сега кога ја преживеа оваа сериозна болест, Брентли вели дека е среќен поради фактот што неговата жена и деца не биле со него во Либерија кога првпат ги забележал симптомите.

– Спознанието дека три дена порано отпатуваа во Тексас ми беше олеснување. Секако дека сакав да бидат со мене, но од друга страна сум среќен што не беа. Тоа дополнително ќе ми го отежнеше процесот на заздравување – вели американскиот доктор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1