Откако дознав дека Драган Ѓуриќ ја убил малата Тијана, не можам да се смирам. Постојано ми се враќа филмот дека можеше да ја убие и моката ќерка која беше на иста возраст како Тијана. За среќа реагирав веднаш, иако не знаев каков монструм се крие во него.
Ова во исповед за српски Курир го раскажал Ј.Ф. месар од Алекса Сантич, посочувајќи дека убиецот на Тојана ја вознемирувал неговата ќерка преку СМС пораки, со цел со неа да оствари интимен контакт. Тоа, како што раскажал тој, се случило пред 12-13 години.
– Мојата ќерка која сега има 27 години и две деца, тогаш беше осмо одделение, односно имаше 15 години. Мојата сопруга ми раскажа како таа се жалела дека Драган ја прогонува и испраќа СМС пораки. Прашав за какви пораки станува збор, а таа рече дека се многу вулгарни и безобразни и дека е подобро да не ги читам. Мојата ќерка беше многу исплашена и постојано плачеше поради пораките што ги добиваше, нагласил таткото на прогонуваната ќерка.
Тој ги познавал родителите на Драган Ѓуриќ кои во тоа време живеле во Алекса Сантич.
– Иако дотогаш немав слушнато ништо лошо за него, неможев да се помирам со содржината на пораките. Го сретнав на улица и го застанав. Му реков: Драгане немој ни случајно да си пратил уште една порака на мојата ќерка или ќе имаш големи проблеми со мене. Само ме погледна, не рече ништо и си замина, завршил