Исповед на Маја, Ива и Ана од Истанбул: Беше јасно уште пред 10 дена дека нешто се подготвува


Со своите пријатели Турци, Маја од Хрватска седела во ресторан на улицата Истикал, кога околу 23 часот добила смс порака во која пишувало „Што се случува?“. Кога го дигнала погледот на ТВ видела стравотна глетка од мостот на Босфор.

Атмосферата во иста секунда се промени, сведочи Маја.turcija-ankara-puc-tocka-2016-02

-Сите бевме изненадени. А потоа речиси 20 минути покасно премиерот на ТВ изјави дека група во војската се обидува да изврши државен удар. Не ни се веруваше што слушаме, се повлековме во ресторанот, почекавме да се смири ситуацијата за да одиме дома, појаснува таа.

Маја, како што пишува српски Курир, заминала дома пешки бидејќи сообраќајот бил затворен. Таа очи таа воопшто не заспала.

-Околу 1:30 наеднаш започна оџата да пее, што не е вообичаено. Истото се случуваше на неколку наврати во текот на ноќта. Наеднаш во текот на ноќта се слушна како се пее турската химна, започнаа да летаат воени авиони и се слушаа како паѓаат бомби. Мислам дека ситуацијата се смири околу 5 часот наутро, вели таа.

Сите нејзини соседи биле будни, но никој не излегувал на улица. Маја вели дека вакво сценарио не очекувала, особено што во нејзините очи Турција била држава која најнормално функционира.

Меѓутоа, Ива која исто така живее во Истанбул, вели дека речиси 10 дена однапред се чувствувало оти нешто се подготвува.

-Контролата во јавниот превоз секогаш беа строги, но наеднаш почнаа контролите да ги вршат вооружени специјалци, вели Ива.

Кога започнал воениот удар, Ива во тој момент се враќа дома и забележала дека луѓето наеднаш се почнале да паничат.

Следела „река“ информации, едни објаснувале дека е терористички напад, а други дека има пукотници во Анкара.

-Моите турски пријатели ме предупредија да се вратам дома што е можно побрзо, да останам таму и да не излегувам. Истото го пренесоа и на вести. А потоа наеднаш снема интернет а на ТВ вртеше само временска прогноза, објаснува Ива и додава дека најголем број од луѓето не го почитувале предупредувањето да останат дома.

-Најпрво и се јавив на мајка ми да и кажам дека сум во ред. Не бев во опасност, а Турците ги сакаат странците и овде никогаш не бев соочена со расизам. Сепак луѓето беа нервозни и збунети. Не ги слушнав пукотниците, но постојано не надлетуваа хеликоптери и авиони, објаснува Ива која живее на еден час од местото каде се случуваше хаосот во Турција.

Ана веќе со години работи во меѓународна компанија која се наоѓа во Анкара. Нејзините турски колеги, како што вели таа, дента биле во паника и никој не спиел.

Она што следело денот по неуспешниот обид за воен удар, била морничава глетка. Улици полни со крв и оружје.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1