Јевгениј Џугашвили, внук на советскиот диктатор Јосиф Висарионович Џугашвили, познат по прекарот Сталин, ја изгубил парницата на Европскиот суд во кој тужел еднен руски весник поради тоа што неговиот дедо го нарекле „крвожеден канибал“.
Уште бесен по пресудата Џугашвили дал интервју за Дејли Мејл во кое се обидел да го исчисти името на Сталин, а посебно го нападнал актуелниот руски претседател Владимир Путин за кој рекол дека „не е ни одблиску силен лидер како што се претпоставува“.
– Путин води влада во која има преваранти и измамници! А и тој самиот е глупак без мозок. Вклучувам телевизија и го гледам како јава, ские, игра со тигри… Се обидува да покаже дека е силен. Путин е велепредавник! Ќе кажам и зошто. Тој соработува со Пољаците, тој во деведесетите беше меѓу оние кои ги признаа полските жртви од Катунска шума, кои всушност настрадаа од Германците. Страшно! Единствена добра работа е што никој не го повика на 70-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, логорот кој го ослободи Црвената армија. Западот го избриша подот со Путин. И нека, заслужи…