Исповед на возачот кој последен го виде Томислав – еве како џихадистите го киднапираа Хрватот


Салопек работел во Египет за француска компанија. На 13 август на Твитер џихадистите објавија дека го убија Хрватот, бидејќи бил неверник.hrvat-isil500

Последен човек кој го видел Томислав бил возачот на CGG. Хрватот утрото на 22 јули со службен автомобил одел на работа, а наредниот ден требало да замине на одмор кај семејството.

Ден пред заминување се поздравил со колегите од работа. Неговите куфери веќе биле спакувани. Наредниот ден Томислав со возачот се упатиле на местото Ал Маади каде требало да ги земе заработените пари. По 90 километри возење по планински пат, застанале да одморот на автопатот Ал Вахат, да запалат цигара и да се напијат кафе. Потоа го продолжиле патот.

-По 10 минути возење, зад џипот Тојота Ланд Крусер се појави автомобил и почна да ни дава светлосни сигнали. Ја намалив брзината мислејќи дека сака да ме престигни, но кога возилото се појави пред нас се запрепастив. Маскиран маж впери пушка во нас и ни рече дека ќе не убие ако не застанеме. Веднаш го запрев возилото. Од друго возило излегоа четворица наоружени и маскирани мажи. Не врзаа, не ставија во автомобил и тргнавме во спротивен правец. Еден од киднаперите го возеше Томислав, раскажа возачот, пренесуваат хрватските медиуми.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1