Мери (27) во јуни 2014 година избeгала со семејството од Јужен Судан во која изби граѓанска војна. Борбата за власт помеѓу двајца политичари од различни племиња однесе 50.000 животи меѓу кои и синовите и сопругот на Мери.
Tаа со своето семејство пробала да побегне од владините сили, меѓутоа, војниците ја фатиле. Ниту самата не знаела во чии раце паднале нејзините најблиски.
Пред нејзините очи прво го убиле нејзиниот сопруг, а потоа и синовите од 5 и 7 години. Потоа сакале и ќерката да и ја убијат, но решиле да ја силуваат. Скршената Мери сето тоа го гледала и посакала во истиот момент да умре!
Невиното девојче (10) по неколку часа починала од последици на бруталното силување.
Исто така, војниците ја слувале и Мери, но таа го преживеала тоа мачење и решила својата приказна за животот во Судан да сподели со целиот свет. Решила својата најголема трагедија сите да ја видат и слушнат.