Исповеста на малата мигрантка Малак ќе ви ги насолзи очите


“Се плашев дека јас и мама ќе се удавиме, дека бродот ќе потоне”, вели детето кое сè уште не е кадарно ни да разбере што се случува – знае само дека сè се променило и дека сега ѝ е многу полошо.Screenshot_17

Во краткиот анимиран филм на УНИЦЕФ под наслов “Не-бајковитa приказна: Малак и бродот”, е прикажано нејзиното патување со брод на еден посебен начин, така како што таа го видела и доживеала.

“Беше огромно, а јас многу се плашев. Кога тргнавме, водата почна да влегува во бродот и цело време нè прскаше. Беше страшно, страшно, страшно студено, а јас многу се плашев”, вели детскиот глас за своите најголеми стравови.

Unfairy Tales: Malak and the boatNothing like you’ve seen on the news. A 7-year old Syrian refugee’s journey – through her eyes. #actofhumanity

Posted by UNICEF on Tuesday, 29 March 2016

“Имав многу пријатели, сега немам никој”, вели девојчето.

Дури на крајот од анимираниот филм е прикажана малата Малак, едно од илјадниците деца кои поради војната и злосторствата на ИСИС морала со родителите да побегне од пеколот во Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1