Истече рокот со кој Фондот за здравствено осигурување требаше да изготви и дистрибуира над 92 илјади здравствени електронски картички за граѓаните. Иако пред крајот на минатата година од ФЗОМ посочија дека денеска е крајниот рок за оваа операција, нема информации дали почнала реализацијата на најавеното.
Ова засега значи дека 92 илјади граѓани сѐ уште мораат да одат на шалтерите на ФЗОМ за да подигнат сини картони иако платија за електронските здравствени картички. Од Фондот денеска велат дека одговори ќе имаме утре. Инаку, директорот на ФЗОМ Орхан Рамадани, лани рече дека електронските здравствени картички наместо на крајот од 2015 ќе се поделат на 20 јануари 2016 година.