Печатот на фактурите заминува во историјата – Потребен е само потпис


Печатот на фактурите заминува во историјата. Од почетокот на  месецов компаниите повеќе немааат  обврската  да го  користат. На фактурите за извршен промет или услуга ќе стои само целосното име презиме и потпис на лицето кое е овластено да ги потпишува. Со ваквата измена печатот  целосно ќе биде исклучен.pecat

Новина е и тоа што  фирмите од годинава во образецот- државна евиденција покрај досегашните податоци  за материјалните, нематеријалните средства, приходи од продажба, дивиденди,  ќе треба да внесат и податоци за кредитите  кои ги има подигнато  компанијата во текот на годината, на кого и каде зајмувала, средствата во акциии и удели, сопственичкиот капитал и други инфомариции кои се важна за анализа на фирмата.

Периодот по нова година за македонските стопанственици е полн со работа. Tреба да изготват еден куп извештаи и да ги достават во утврдени рокови. Збирен  податок за платен персонален данок и придонеси за вработените , ДДВ пријава, годишните извештаи за персонален данок на доход , завршната сметка ,  годишните даночни  пријави за физички лица, статистички податоци и извештаи за  НБРМ, се само дел од документите кои во наредниот период имаат обврска да ги подготват.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1