Истече рокот за дистрибуција на електронски здравствени картички


Истече рокот со кој Фондот за здравствено осигурување требаше да изготви и дистрибуира над 92 илјади здравствени електронски картички за граѓаните. Иако пред крајот на минатата година од ФЗОМ посочија дека денеска е крајниот рок за оваа операција, нема информации дали почнала реализацијата на најавеното. elektronska-zdravstvena-karticka

Ова засега значи дека 92 илјади граѓани сѐ уште мораат да одат на шалтерите на ФЗОМ за да подигнат сини картони иако платија за електронските здравствени картички. Од Фондот денеска велат дека одговори ќе имаме утре. Инаку, директорот на ФЗОМ Орхан Рамадани, лани рече дека електронските здравствени картички наместо на крајот од 2015 ќе се поделат на 20 јануари 2016 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1