Во дворот од куќата сопственост на 33-годишниот Е.М. синоќа помеу 21 и 02.30 часот во Богданци, непознат сторител со запаливо средство, најверојатно бензин, испрскал патничко возило „рено меган“ со гевгелиски регистарски ознаки и го запалил, информира Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека возилото целосно изгорело, а од пожарот била зафатена и влезната врата од куќата на Е.М..Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија – велат од МВР.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.