Италијанската армија реши да одгледува канабис, што ќе се користи за производство на лекови кои ќе бидат поевтини од сегашните
Спогодбата беше потпишана во Рим меѓу италијанските министерки за здравство и за одбрана, Беатриче Лоренцин и Роберта Пинони.
– Целта е да се произведат лекарства за тешки заболувања како склероза или против болки, изјави Лоренци.
Канабисот ќе се одгледува на територијата на касарна во Фиренца, која ќе се нарекува „Воен хемиско-фармацевтски објект“.