Италијански град му понуди азил на Роберт де Ниро по победата на Трамп


Градоначалникот на Фрецанo, гратче на југот на Италија од кој потекнуваат предците на холивудскиот актер Роберт де Ниро, го повикаа славниот актер да се врати во градот на предците откако Доналд Трамп победи на изборите во Америка.arnon-milcam-so-deniro

– Ако тој сака, по победата на Трамп, да се смести кај нас – го чекаме. Тоа за нас е неверојатна чест и задоволство, а тој веќе доби почесно италијанско државјанство – рекол Антонио Церио, градоначалник на Фрецано, кој се наоѓа во регијата Молиса, од која во 1890 година емигрирале предците на Де Ниро.

Инаку, повод за ваквиот необичен гест на италијанскиот градоначалник била неодамнешната изјава на холивудскиот актер.

– Изгледа би требало да се преселам во Молисa, сега кога Трамп победи – рекол актерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1