Неврохирургот Sergio Canavero од Торино станал меѓународно познат во 2008 година кога со електростимулација од кома разбудил жена која две години вегетирала.
За последниот број на oggi.it, Canavero изјавил дека трансплантацијата на глава е технички изводлива и дека за неколку години би можела да стане реалност. Кандидати за таков медицински зафат, како што кажал, би требало да бидат тетраплегичари и луѓе кои боледуваат од невромускулна дегенерација.
Донатори би биле луѓе кои починале но, без сериозни оштетувања на черепите.