Италијанскиот премиер Џентилони поднесе оставка


Италијанскиот премиер Паоло Џентилони синоќа официјално поднесе оставка на функцијата, по одржувањето на констититутивните седници на двата дома на Парламентот на Италија, чии членови беа избрани на парламентарните избори одржани на 4 март.

Џентилон синоќа му ја врачи оставката на италијанскиот претседател Серџо Матарела, при што нагласи дека тој и неговиот Кабиент ќе продолжат да ги извршуваат функциите се до изборот на новата влада.

По постигнатиот договор меѓу коалицијата на десниот центар и популистичкото Движење пет ѕвезди (М5С), двата дома на италијанскиот Парламент вчера ги добија своите нови претседатели.

За претседател на Сенатот е избрана 71-годишната Елизабета Алберти Казелати од партијата Форца Италија (ФИ) на поранешниот премиер Силвио Берлускони, а за прв човек на Домот на пратениците е избран 43-годишниот Роберто Фико од М5С.

Со изборот на претседателите на двата дома на Парламентот заврши неговото конституирање, со што започна процесот за избор на нов владин кабинет на Италија, кој се очекува да не биде ни малку лесен имајќи предвид дека ниту една коалиција или партија нема парламентарано мнозинство, а опциите за формирање коалициска влада се малубројни.

Извори од кабинетот на Матарела најавија дека консултациите за избор на новата влада практично би можеле да започнат во вторник, но италијанските медиуми оценуваат дека се мали шансите тоа да се случи пред 3 април, односно пред велигденските празници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1