Ова е полицаецот кој почина – сам се понуди за заложник за да ги спаси другите


Полицаецот кој се понуди доброволно себеси во размена на заложниците во текот на терористичкиот напад врз супермаркет во францускиот град Треб , почина од здобиените повреди.

Со ова бројот на жртви се искачи на четири лица, а уште 16 лица се ранети, од кои две се во тешка состојба. Напаѓачот пукал во 45-годишниот полицаец Арно Белтрам и тешко го повредил.

Полицијата набргу потоа го уби напаѓачот.Утврден е неговиот идентитет тоа е Редуан Лакдим 26-годишен доселеник од Мароко, жител на Каркасон.Напаѓачот им бил веќе познат на разузнувачките служби. ИД објави дека нападот е нејзино дело.Синоќа француската полиција приведе лице за кое се верува дека е вмешан во нападот.

Притворениот е малолетен, роден во 2000 година, и бил пријател на напаѓачот.Жена поврзана со Лакдим беше уапсена вчера.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1