Британската полиција ги затворила патиштата и ги евакуирала луѓето од стотина домови во близина на лондонскиот стадион Вембли, за припадниците на војската да можат да ја деактивираат неексплодираната бомба, заостаната од Втората светска војна.
Бомбата, тешка 50 килограми, ја откриле градежните работници кои работеле во близина на стадионот. Се верува дека била фрлена за време на воздушните напади на почетокот на 40-тите години од минатиот век.
Портпаролот на војската рекол дека бомбата е во “потенцијална опасна состојба” и дека контролирано активирање би можело да претставува опасност по животот на луѓето, а би можела да биде нанесена и штета на голем број на имоти.