Итна евакуација во Лондон: На Вембли пронајдена бомба од 50 килограми!


Британската полиција ги затворила патиштата и ги евакуирала луѓето од стотина домови во близина на лондонскиот стадион Вембли, за припадниците на војската да можат да ја деактивираат неексплодираната бомба, заостаната од Втората светска војна.vembli3

Бомбата, тешка 50 килограми, ја откриле градежните работници кои работеле во близина на стадионот. Се верува дека била фрлена за време на воздушните напади на почетокот на 40-тите години од минатиот век.

Портпаролот на војската рекол дека бомбата е во “потенцијална опасна состојба” и дека контролирано активирање би можело да претставува опасност по животот на луѓето, а би можела да биде нанесена и штета на голем број на имоти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1