ИТНА СЕДНИЦА: Владата закажа состанок на кризниот штаб – времето се влошува


Министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески, одржа координативен состанок на Кризниот штаб со цел утврдување на фактичка состојба и понатамошно координирање со надлежните институции. Во делот на напојување со електрична енергија, од страна на ЕВН беше информирано дека во Охрид имаше две критички точки од Охрид до Песочани, пуштено е и напојувањето и на делот од Охрид кон Градиште, граничен премин Свети Наум, пуштено напојување и на 10 KV и на 35 КV мрежа и се отстранети дефектите на трафостаницата Мешеишта.

vlada1-630x289

Во текот на вечерта ЕВН во координација со МВР, транспортира дополнителна опрема потребна за отсранување на дел од дефектите во охридско-струшкиот регион.

Во Струшкиот регион, каде што имаше три критични точки, информира ЕВН дека на трафостаницата Сувополе е оспособена 35 КV врска, трафостаницата е оспособена и во моментот се пушта 10 KV врска кон местата: Вевчани, Октиси, Велешта, Добовјани.

Исто така, се пушта 10 KV врска кон Лабуништа, Боровец, Ташмаруништа, Мустовци и Ораше.

Реканскиот крај кој е и најкритичен, вечерва во најкратко време се изгради нов 10 КV далновод, се работи на техничко решение за премин преку езерото.

Во делот на Центар Жупа во доцните вечерни часови ќе се направат напори за пуштање на далноводите.

На состанокот се потенцира и временската прогноза за наредните неколку денови, со акцент на Северо западниот дел од Македонија каде се очекува нови врнежи од снег со помал интензитет.

Исто така, од УХМР информираа дека денес ќе се задржи студено време со изразени ниски температури, а од недела ново наоблачување проследено со врнежи од дожд и снег.

Министерот Јанакиески закажа повторен состанок со Кризниот штаб, утре во 9 часот, за координација и подготовка, согласно најавите и информациите од УХМР за влошување на временската прогноза за време на викендот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1