Актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов ќе се кандидира за втор претседателски мандат. Тој ја прифатил иницијативата што ја покренаа над 50-ина интелектуалци, која доби и политичка и граѓанска поддршка.
„Со чест и задоволство, имајќи ги во предвид сите предизвици и перспективи со кои с есоочуваме, со посветеност и отворен пристап, со желба за постигнување на натамошни успеси за нашата татковина, кои ќе бидат од интерес на сите граѓани, сакам да изјавам дека донесов одлука да ја прифатам иницијативата за мое кандидирање за Претседател на Република Македонија и дека ќе ја поднесам мојата кандидатура на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија“, изјави Иванов.
Во изминатите пет години Иванов рече дека го дал максимумот од себе и секогаш се водел од интересите на граѓаните и зацртаните стратешки цели. Вели заедно со граѓаните без разлика на верска и национална припадност носевме мудри одлуки и верува доколку ја добие уште еднаш довербата ќе продолжи така.
„Да продолжиме заедно да ја градиме нашата заедничка иднина, д аја градиме државата, да го развиваме соживотот, д аги негуваме вредностите и да ги промовираме националните и државните интереси на Република Македонија. Да се биде Претседател значи секогаш д абидеп чесен кон своите сограѓани, да с едржиш до зборот и до достоинството и да си секогаш на страната на заедништвото, демократијата, единството и патриотизмот“, рече Иванов.
Иницијативата со која се бара ВМРО-ДПМНЕ да му даде поддршка на актуелниот претседател на Конвенцијата, да се трка за уште еден мандат ја потпишаа голем број интелектуалци, доктори свештени лица од повеќе религиозни заедници, спортисти, како и високи функционери од ВМРO-ДПМНЕ.
Партиската конвенција е закажана за 1 март . 1300 делегати ќе решаваат со кој од номинираните канидати ќе учествуваат на избори.