„Чест ми е што во мојот мандат порасна довербата на позицијата претседател. 56 проценти од граѓаните веруваат во институцијата претседател, 76 проценти сметаат дека чесно ја вршам претседателсксата функција. Сакав да ви кажам нешто на валандовски, но ме знаeте, јас не сум кавгаџија и не сум фалбаџија, несакам овие од противничкиот штаб да ми ги фаќаат граматичките грешки“, рече Иванов

ivanov„Мораа да ги гледаат по 10 пати моите настапи за да најдат нешто, да напаѓаат, досега на никој не сум му вратил, никого не сум нападнал за овие 5 години но сега ќе кажам, продолжете и понатаму со истиот интензитет и уште поголем идентитет, колку повеќе напаѓате довербата кај граѓаните расте,“ рече кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Иванов

Додаде дека во Македонија имало 2 групи на претседатели, Карев, Ченто и Трајковски кои загинаа за Македонија. И оние другите кои несакам да ги именувам а му сугерираа на народот -промена на името која требаше да трае 2 месеци а за жал трае речиси 20 години.