Малолетничка од Македонија ја купиле за 6.000 евра – 1 година била роб во Словенија


Малолетна девојка од Македонија речиси една година во Марибор живеела како вистинска робинка – и по дома и во лозјето на семејството кое ја купиле. Девојчето во јануари успева да избега, по што било утврдено дека таа била и тепана и силувана.

siluvanje-vo250Лани во април девојчето било купено за 6.000 евра од тројца граѓани на Словенија. Во Марибор и бил ветуван безбеден и богат живот. Според информациите од медиумите, девојчето го купиле тројца државјани на Словенија, 25-годишен син, неговата 44-годишна мајка и нејзиниот 50-годишен сопруг.

Тие и го одзеле пасошот и ја однеле во Марибор. Девојчето требало да се омажи за 25-годишниот син на домаќините. За среќа, девојчето успеало да избега и случајот го пријавила во полиција, по што била сместена во центар за згрижување во Љубљана.

Трите лица се уапсени во февруари по наредба на окружниот суд во Марибор и добиле кривични пријави и затворска казна. Случајот го потврдуваат и од македонското министерство за внатрешни работи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1