Името на архиепископот на ПОА Јован не е на листата 25 помилувани осуденици кои вчера со Указ на шефот на државата Ѓорге Иванов целосно или делумно се помилувани, дознава Плусинфо.
Списокот на помилуваните ќе биде објавен во најновиот број на Службен весник. Како што дознаваме повеќето од нив имале одлежано казна затвор повеќе од две третини што е еден од условите за помилување.
И Вранишковски има толку одлежано во затвор, но засега не се знае зошто не е помилуван, иако и руската и македонската црква побараа тој да биде помилуван.