Прашан за можноста да биде аболициран лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со цел да има политичка разрешница на кризата, претседателот Иванов со став: „Кога беше аболициран првиот пат беше сосема поинаков законот и беше поинаква улогата на претседателот“.
– Сега има промена на Законот и постапка, според која, треба прво Министерството за правда да го расчисти целиот случај, па да предложи. Веројатно околностите се изменети и секој ќе сноси одговорност за сето она што го придонел за оваа актуелна ситуација. Така што, рано е да се кажува. Тоа останува во доменот на политичките лидери кои, како што кажав, со помош на Европската комисија ќе мора на некој начин да се соочат со сета оваа состојба и секој да си ги презема одговорностите за ова што не снаоѓа, рече Иванов.
Видеото со интевјуто со претседателот Иванов може да го погледнете тука