Избеган затвореник ја ограбил ТТК Банка во Прилеп


Полицијата синоќа во Велес го открила и го привела 56 годишниот скопајнец Перица Стефановски кој е еден од двајцата разбојници кои завчера ја ограбија експозитурата на ТТК Банка во Прилеп.
banka2Според Ѓоко Стрезовски протпарол на СВР Битола, против Стефановски е поднесена кривична пријава до прилепското Основно јавно обвинителство поради сомневање дека сторил кривично дело разбојништво.
Дел од украдените пари се најдени, а полицијата трага по другиот разбојник.

Завчера околу 10:30 часот двајцата маскирани разбојници, од кои едниот со капа на главата, а другиот со шал на лицето, вооружени со пиштоли упаднале во експозитурата на ТТК Банка во центарот на Прилеп и со закана по живот кон вработените украле 1,253 милиони денари.

Стефановски е разбојникот на кого шалот му паднал од лицето додека го извршувале грабежот, а тоа го забележале камерите во банката.
Тој е познат извршител на тешки кривични дела, кражби и е бегалец од затвор. Издржувал казна затвор во КПД Идризово, но за новогодишните празници бил пуштен и не се вратил во затворот.

Mia

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1