Избодени ученици, претепан професор – инциденти во училиштата


Само дваесет дена од почетокот на учебната година, а во училиштата веќе има неколку инциденти во кои се повредени ученици и професори.

– Инцидент во основното училиште „7-ми Март“. Тепачката настанала кога еден од учениците почнал да му бара пари на негов соученик. Бидејќи не му дал, извадил нож и го прободел соученикот во десната нога, јавува Макфакс .

– Во средата инцидент и во „Арсени Јовков“ 17 годишен ученик физички го нападнал  професорот бидејќи не ја пуштил да влезе ученичката која доцнела на часот.

– Пред два дена во средното училиште „Лазар Танев“ настанала тепачка меѓу шеснаесетгодишниот О.И. од една страна и две други седумнаесетгодишни момчиња. 16 годишното момче извадил нож не го употребил, но момчињата се удирале со тупаници и клоци по телото.

– Уште еден инцидент во основното училиште „Панајот Гиновски“, кога група ученици без повод и причина нападнале дванаесетгодишен ученик. Го удирале со тупаници по главата и телото.

Извор – Макфакс

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1