Драма на небото над Дамаск – Хеликоптер удрил во патнички авион


Воен хеликоптер удрил во патнички авион над Дамаск. Хеликоптерот се срушил во предградие, а авионот во кого имало 200 патници, безбедно слетал на аеродром во Дамаск.

Бунтовниците тврдат дека 54 лица се убиени во воздушен напад од силите на Асад во Ал Раки. Бомбата е фрлена од авион, и наводно погодилабензинска пумпа.

Околу 200 патници во сирискиот авион за малку избегнале смрт, поради некој расипан дел, го удрил хеликоптерот кој веднаш се срушил во предградие.

Бунтовниците тврдат дека хеликоптерот го собориле противавионски митралези, а властите во Дамаск велат дека паднал поради технички грешки.

Истовремено, сириските власти соопштиле дека после борбата во неколку делови на Дамаск е запленета голема количина на оружје произведено во Америка, вклучувајќи автоматски пушки и муниција.

Оружјето е запленето во Хаџар ел Асвад, дел на Дамаск во кој последните неколку дена во борба се убиени околу 100 бунтовници.

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1