Изел сендвич во кој имало стршлен и умрел за 10 минути


Дејан Штрбаќ (40), хармоникаш од Панчево, умрел пред два дена од убод од стршлен, пред очите на другарите и неговиот роден брат.


Дејан во четвртокот со група другари се наоѓал на сплав, кога одеднаш станал и почнал да вика: „Ме касна оса!“.
„Кога го касна осата (подоцна се испоставило дека било стршлен) сите скокнавме да му помогнеме затоа што знаевме дека е алергичен. Веднаш повикавме итна помош, но за жал додека пристигнаа, Дејан веќе беше отиден“, изјавил Богдан еден од неговите другари.

„Дали стршленот беше во храната или не, не ни кажаа, само знаеме дека немаше никаков спас“, вели снаата на Дејан.
Во полициската Управа во Панчево, потврдиле дека Дејан умрел од убод на стршлен, но полицијата не извршила никаков увид ниту пак обдукција, затоа што на телото на настраданиот немало никакви траги од насилие.

Началникот на итната помош доктор Мирослав Тепшиќ, изјавил дека екипата веднаш реагирала на повикот, а лекарите биле во постојан контакт и им пренесувале на блиските што да прават.
Екипата на итната помош на лице место го затекла Дејан како неподвижно лежи, а душникот целиот му бил преполн со секрет. Имало обид за реанимација, но за жал на крајот не можело да се направи нешто повеќе.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1