Изгор високи сметки за струја за месец јули


Високите изгор температури не успеаја, но високите јулски сметки за потрошена електрична енергија ги изгореа граѓаните. Реагираат дека добиле многу високи сметки , невообичаено за овој период од годината. Од ЕВН не кријат дека има реакции од страна на граѓаните и смируваат дека секој може да ја коригира сметката и ќе плати онолку колку што потрошил, јавува ТВ Орбис.

Деновиве поголем број на граѓани се обратија до редакцијата на ТВ Орбис со реакција дека им пристигнале многу високи сметки за потрошена електрична енергија за месец јули.smetka struja

„Претходанта сметка имаше сума од 9оо ден. Користам повеќе плин, а единствено болјерот ми е на струја кој не го приклучувам често. Добив сметка од 4 100 ден. Не знам што е ова- вели една наша сограѓанка.

„Јас минатиот пат имав сметка од 15оо ден., а сега добив сметка од 5 100 ден. Износ што ни во зима недостигнува толкава цифра- вели друга сограѓанка која не сакаше да зборува пред камера.

Сметки со високи суми добиле голем број на граѓани.

Од ЕВН велат дека нема простор за паника, бидејќи сметките може лесно да се коригираат. Ова се случува во летниот период кога голем дел од корисниците се на годишни одмори и не може да се причита електричното броило. Граѓаните што сметаат дека износот на добиената сметка не одговара со потрошената електрична енергија , може да се направи корекција во службите на ЕВН. Од таму велат дека никој нема да биде оштетен и дека секој ќе плати толку колку што потрошил електрична енергија.

Корекцијата на сметките може да се направи лично во корисничкиот центар, телефонски или пак по електронски пат ако не епомината отчитувачката недела. Ако не се направи корекција во овој период тогаш ќе се изврши порамнување на износот во сметката од следниот месец.

Од ЕВН уште еднаш смируваат дека нема потреба од вознемиреност кај граѓаните.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1