ИЗМЕНИ: За важечко ќе се смета само ливчето заокружено со круг


На 11 декември право на глас имаат 1.531.368 граѓани кои ќе гласаат во земјава, а на посебниот извод на кој се запишани 230.122 гласачи за кои се смета дека се на привремена работа во странство. На овие избори за прв пат на Избирачкиот список ќе има и фотографии од гласачите што се добиваат од базата на Министерството за внатрешни работи, со што се намалуваат можностите да се гласа во туѓо име.izbori livcinja

Гласачите кои се смета дека се иселени во странство се ставаат на посебен извод од списокот, со што се очекува дека ќе се намалат шансите за нивните гласови да бидат злоупотребени.

Важна новина на овие избори е и тоа што за важечко ќе се смета ливчето на кое редниот број на кандидатот е заокружен со круг. Ливчињата заокружени со квадрат, триаголник или на некој друг начин, ќе се сметаат за неважечки. Оваа измена ДИК ја прецизираше во правилник. Досега за важечки се сметаа и ливчињата на кои редниот број е заокружен со квадрат, триаголник или некој друг симбол, што одеше во прилог на разичните конспиративни теории за тоа дека гласањето не е тајно.

Измени има и во однос на гласањето на болните и немоќни, за каде досега постоеја сомневања дека се прават злоупотреби и тоа редовно беше нотирано во извештаите на домашните и странски набљудувачки мисии. Гласачите кои ќе сакаат да го искористат правото да гласаат дома поради својата здравствената состојба, немоќта ќе треба да ја докажат не само со мислење од матичен лекар, туку и со потврда од лекар специјалист. Лекарите кои ризикуваат да издадат лажна потврда може да се соочат со кривична одговорност. Исто така, избирачките одбори ќе имаат право да бараат таа документација да биде проверена и од друг лекар, што ќе го ангажира и плати ДИК, доколку се посомневаат дека има злоупотреби.

На овие избори за разлика од претходните, гласачите ќе се обележуваат со невидливо мастило, а проверката ќе се прави со УВ ламба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1