Изрешетен до смрт еден од водачите на „Гробарите“


Александар Јоксиќ, наречен Јокса, еден од водачите  на навивачката група на „Партизан“, навивачката група Јанг Бојс, убиен е во вторникот вечерта пред зградата во Раковицa.

Напаѓачот во него испукал неколку куршуми и побегнал, но полицијата, како што пренесуваат српските медиуми веќе му е на трага.grobaritee

Првата претпоставка укажува на тоа дека Јоксиќ не е ликвидиран поради конфликт со навивачите, туку поради нерасчистени сметки и најверојатно поради работа со наркотици. Тој во вторникот околу 20 часот автомобилот го довел во Раковиц и паркирал на улицата „Пилот Михаил Петровиќ“. Потоа заминал до кладилница, каде кратко се задржал.

Од кладилницата изјавиле дека Јоксиќ бил нервозен. Излегол потоа низ споредна зграда која е прилично мрачна. Таму се сретнал со еден маж.

-Се претпоставува дека дошло до кавга, по што напаѓачот извадил пиштол и пукал во Јоксиќ. Лидерот на навивачите се обидел да се спаси. Притрчал по патеката низ улицата, но напаѓачот го стигнал и го усмртил, вели анонимен извор.

Јоксиќ е погоден во главата и градите и подлегнал на повредите на лице место, додека убиецот побегнал. Полицијата мртвиот Јоксиќ го затекла со мобилен телефон кој ѕвонел.
-Слушнав пукање, неколку минути подоцна, кога ситуацијата се смири, излегов од станот да видам што се случува. Оддеднаш го здогледав телото на тротоарот. Веднаш повикалв Итна помош. Момчето лежеше во локви крв, беше страшно, вели еден од станарите на зградата во Раковиќ.

На местото на несреќата набрзо стигнаа и полициските екипи кој го блокираа целиот крај и се во потрага по убиецот.

-Постојат значајни траги и можно е да убиецот наскоро биде фатен. Јоксиќ има богато досие, со многу луѓе бил во конфликт, но засега има најмногу индиции дека е убиен поради конфликт во врска со дрога. Но, кога ќе го уапсиме осомничениот, ќе го знаеме точниот мотив, вели извор од истрагата за српските медиуми.

Сосетката Борка Марковиќ вели дека полицискиот увид го набљудувала од тераса и дека сето тоа многу ги потресло.

-Најпрво помислив дека некој скокнал од зграда, а потоа слушнав дека станува збор за убиство. Многу полицајци дојдоа. Му го однесоа возилото, а видов и кога го однесоа телото на мртвото момче. На патеката остана огромни локви крв, па дојде цистерна да го испере тротоарот, вели Марковиќ.

Соседите велат дека навивачите на Црвена Ѕвезда и Партизан во нивниот крај почнале со конфликти, по неодамна одиграното фудбалско дерби.

-Испишаа графити по зградите, а едно момче е рането при пукаењто пред десетина дена, изјавил станар од соседната зграда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1