Изум што ќе го спаси светот (Видео)


Замислете вештачки лист кој поддржува фотосинтеза и на тој начин ја снабдува вашата куќа со чиста електрична енергија користејќи само сончева светлина и вода – ова не е фикција туку набрзо може да е реалност. Тоа е и темата на филмот Вештачки лист

news_43202Џерард П. Скот и Кели Никс го снимаа филмот „Вештачки лист“. Главна улога во филмот е хемичарот Ден Нокер, пронаоѓач на уред за кој тврди дека може да го спаси светот.

„Вистината е почудна од фикцијата“, вели Кели Никс, партнер во „ПФ пикчерс“. „Тоа што е многу возбудливо е што Ден во својата наука забележал нешто што може да го реши енергетскиот проблем на целата планета“, вели таа.

Листот на Нокер е едноставен силиконски полупроводик покриен со катализатори кои користат сончева светлина за да разложат водата на водород и кислород.

„Во суштина, целиот процес ја имитира фотосинтезата“, вели Нокер.

Гасовите кои испаруваат од водата може да се претворат во гориво за електрична енергија. Уредот може да звучи СФ, но Нокер се надева дека еден ден тој ќе обезбеди алтернатива на централизираниот електричен систем.

The Artificial Leaf | Jared P. Scott & Kelly Nyks from Focus Forward Films on Vimeo.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1