Криза е криза: Грците го исекле 2400 години старото маслиново дрво за да се греат


drvo

Во Грција, која кризата најлошо ја погоди, минатата зима беше многу студена, а цената на нафтата за домаќинства двојно се зголеми во однос на 2012 година. Поради недостиг на енергенси, исечена била и легендарното маслиново дрво, старо 2400 години, а од него се добиени дрва за огрев.

Во Шпанија победниците во популарниот квиз не ја добиле паричната награда која ја чекаат уште од 2011 година, бидејќи продуцентската куќа банкротираше на почетокот на јули. Истиот квиз е заменет со емисијата Салвадос, која се занимава со економската криза и моментално е една од најгледаните во Шпанија.

Но, не им оди лошо на сите, посебно на козметичката индустрија поради ефектот на розата”. Имено компаниите што произведуваат козметички препарати добро работат бидејќи жените повеќе се шминкаат за да не мислат на лошо, а и да привлечат богати мажи, а овој тренд е забележан и за време на големата депресија во 1930 година.

Vecer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1