Поради сомневање за неверство Британецот Антони Мед ја запалил облеката на својата сопруга. Сега му се заканува затворска казна од една година, поради пироманство.
Премногу време минувала пишувајќи СМС пораки, па се сомневал дека многу помладата сопруга го изневерува со нејзиниот стилист – дизајнерот на облеката, размислил логично – најголемата казна е да ја запали облеката вредна 19.000 евра, што најверојатно тој ја платилJ. Ја извадил облеката од плакарот, ја испрскал со бензин и ја запалил во дворот, седнал на клупата и го набљудувал „скапиот“ пламен. Во сево ова има една добра и една лоша вест, – олеснителна околност е што тоа го сторил под сомнение за неверство, но никако не му оди во полза што облекта ја палел пред своите деца.