Ја купил, а потоа ја убил сопругата русинка – дознал дека БИЛА МАШКО и го променила полот


Детективи го откриле форумот на кој Крис Колијер напишал дека “ купил сопруга преку интернет и дека сега заминува во апартман во Кушадаси” но кога ја дознал нејзината историја прво  ја претепал па потоа ја задавил.

Крис Колијер (40) британски бизнисмен кој наводно се венчал со русинката Јулија (35) својата жена прво ја претепал па потоа ја задавил во нивниот апартман во Кушадаси во Турција.
Причината била тоа дека Јулија била родена како маж.
Колијер сега бил осуден на 24 години затвор, а пред да емигрира во Турција работел како менаџер во компанијата “Phones4U” која во 2006 година била продадена за 1,46 милијарди фунти. Јулиј(а) работел(а) како пејач(ка) по  хотелски барови.

После убиството, кое било извршено уште на 27 ноември 2010 година, во истрагата детективите откриле форум на кој Колијер оставал пораки во кои навел дека “ си купил сопруга преку интернет и дека одат во апартман во Кушадаси”. На суд било утврдено дека Крис прво со удар во главата ја онесвестил сопругата Јулија, а потоа со раце ја задавил.

Близок фамилијарен пријател открил дека парот бил заедно неколку години но немале среќа со деца што на сите им било сомнително.
-Јулија, тоа е најмилата девојка која ја познавав. Навистина е страшно се што се случи. Иако Крис веќе долго време не е во Англија веста за ова убиство ги потресоа сите кои го познаваат”-рекол тој.

Tags: , , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1