Глумецот Драган Николиќ (71), великан на српската актерска сцена, ја преживеал кризата, почнал да дише самостојно и бил тргнат од апарати, откако вечерва итно бил примен во болница, пренесе Блиц.
Николиќ сè уште е во сериозна состојба, но лекарите успеале да ја подобрат неговата здравствена состојба.
Глумецот веќе некое време боледува од тешка болест.
Во февруари годинава Николиќ беше опериран на Клиниката за дигестивни болести во белградскиот Клинички центар, а лани во октомври беше примен во болница поради проблеми со дигестивниот тракт.