Ја напуштил сопругата поради 15 години помлада жена, тоа може да го чини 5 милијарди долари!


Пред рускиот суд моментално е во тек разводот на векот. Најбогатиот руски тајкун Владимир Потанин се разведува од својата сопруга Наталија по 30 години брак. Наталија со пресудата би можела да добие половина од неговото богатство вредно импресивни 10 милијарди долари. Но како и секој развод, и овој е проследен со многу мачни и тешки сцени. Ова е приказната што стои зад најбурната бракоразводна парница во моментов.vladimir potanin1

Владимир (54) и Наталија (53) биле во брак цели 30 години. За три децении заеднички живот, добиле три деца, но рускиот тајкун сепак одлучил во 2013 година да побара развод од својата сопруга. Причина – Владимир ѝ признал на Наталија дека е во врска со 15 години помлада колешка од својата компанија, па дури и дека има дете со неа. Оваа одлука би можела скапо да го чини. Имено, Владимир се наоѓа на листата на „Форбс“ најбогати луѓе во светот, а овој магазин тврди дека дури е и најбогатиот Русин на светот. Неговото богатство е проценето на 10 милијарди долари, но самиот Владимир го негира тоа. Дури и на московскиот суд во текот на бракоразводната парница тврдел дека не поседува никакви недвижнини ниту пак имот во своја сопственост. Тогаш започнала и медиумската војна помеѓу поранешните сопружници. А Наталија одлучила и отворено да ѝ се обрати на јавноста.Vladimir Potanin and his second wife, Katya - 1 - must credit Spletnik, queries Will Stewart 007 985 998 94 00.jpg

– Дали „Форбс“ погрешно му го препишал богатството на Владимир? Зошто тогаш неговите адвокати не го тужеле „Форбс“ за оваа клевета? Зошто Владимир Потанин е прифатен во клубот на колегите на олигарси? Кого тој се обидува да измами, рускиот суд или бизнис заедницата?- изјавила налутената Наталија.

Сепак, не се само парите проблем. Владимир од својата сопруга побарал да го „променат“ и датумот на разводот. Имено, иако барањето било поднесено во 2013 година, кога Наталија дознала што сè се случувало зад нејзиниот грб, Владимир побарал во документите да стои дека се развеле во 2007 година.

– Мислев дека ова е еден вид лоша шега. Како инаку да гледам на тоа? Замислете, 2007 година помина, а потоа 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, а ние живееме заедно за сето ова време, и на крајот на 2013 година ми вели дека сака ретроактивен развод. Го прашав дали се шегува, а тој ми кажа сосема мирно, „не“ – рекла разочараната Наталија.

Наталија сега верува дека причината за ова необично барање е токму имотот. Документите за развод веќе ги имал подготвено кога и ги доставил на Наталија на вечерата, после која што повеќе никогаш не се виделе. Сега комуницираат исклучиво преку своите адвокати, а Наталија вели дека последен спомен на сопругот ѝ е токму тој мачен разговор.natalija-i-vladimir_630x0

Ниту нивните заеднички деца повеќе немаат контакт со таткото. Најстариот син Иван (26) со таткото не разговарал две години, но не затоа што тој одбива, туку затоа што Владимир го прекинал секој контакт со своето семејство.

Сепак, Наталија не се откажува од борбата. Иако поранешниот сопруг нудел спогодбено да се разведат со надомест од 32 милиони долари, бесната Наталија го одбила тоа. Измамената сопруга бара половина од неговото богатство. Доколку се точни наводите на „Форбс“, тоа би било пет милијарди долари.

Дали Наталија ќе ја добие оваа парница, со што ќе стане една од најбогатите жени после разводот, останува да се види.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1