Само една недела по венчавката, Англичанец ја убил својата нова сопруга, ја зел нејзината заштеда и цело наследство и си отишол на пат околу светот. Никому не кажал дека е сам и дека жената не е со него.
На нејзините пријатели Џејми Старбак две години им пишувал мејлови и пораки во име на сопругата и никој не знаел што всушност се случило. Телото на Деби никогаш не е пронајдено. Се претпоставува дека Џејми го распарчил и запалил во дворот на куќата.
Уапсен е кога нејзините роднини се посомневале дека нешто не е во ред, бидејќи Деби долго време не им се јавила. Иако добивале пораки дека ужива во патувањата, сепак своите сомнежи ги пријвиле во полиција. Тогаш е откриено дека нејзиниот пасош не е важечки и дека сите нејзини пари се префрлени на име на сопругот.
Тој патувал две и пол години и посетил 32 земји во светот, но за своето злосторство ќе добие казна затвор најмалку 30 години.